Жена на возраст од 83 години попладнево е пронајдена мртва во куќа во Струмица. Под силно полициско обезбедување се врши увид на местото на настанот. Во момемнтов трае увидот а десетици полицајци ги спречуваат љубопитните граѓани да се приближуваат.
СВР Струмица потврди дека е пријавена почината жена, но, не кажува ништо за причината за смртта. Дали станува збор за природна или насилна смрт ќе се знае откако ќе заврши увидот на полициските екипи и јавниот обвинител.