• Fri. Nov 22nd, 2024

800 вработени без плати за февруари и март

ujp

Вкупно 181 работодавачи не исплатиле плати на своите вработени истакна на прес конференција директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска.

Од нив, 157 не исплатиле плата за еден месец, а 24 за двата месеца. Според Лукаревска, не се исплатени 753 месечни плати. Одобрената, но неисплатена финансиска помош се проценува на вкупно 12.071.908 денари или 2.738.715 денари за февруари и 9.333.193 денари за март.

Најголем дел од работодавачите кои не исплатиле плата се од Скопје, 71, потоа од Тетово 53 и 27 се од Битола, истакна Лукаревска.

Таа потенцира дека на работодавачите кои не дале плати, а земале финансиска помош веќе им се доставени опомени, а по истекот на рокот за опомена почнува постапката за присилна наплата на долгот.

Лукаревска кажа дека ќе продолжат контролите за работодавачите кои не го испочитувале законот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *