• Sat. Nov 23rd, 2024

80 пациенти со КОВИД – 19 лежат во струмичката болница

Струмичката општа болница ги користи максималните сместувачки капацитети за третман на пациенти со ковид -19 во Струмица. Последните податоци на министерството за здравство говорат дека на инфективното одделение и на дневната ковид болница се сместени 80 пациенти.

Директорот на болницата, доктор Наќе Гогов, вели дека очекува ситуацијата да се малку смири со отворање на новиот дел за пациенти со ковид, во новиот крак, што треба да се случи овие денови.

Струмица има повеќе од 600 активни случаи на корона-вирус.

Прочитајте: Еве до каде е новиот крак во струмичката болница

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *