Осум илјади Македонци заминале за Грција на продолжен викенд. Податоците на пограничните служби покажуваат дека за 24 часа поминале вкупно околу 17 илјади патници. Оваа бројка велат дека е во рамките на просекот за овој приод од годината, кога почнуваат летните одмори, но фреквенцијата на домашни туристи е значително зголемена.
Од граничната полиција велат дека најголемиот шпиц бил во утринските часови, но времето на чекање не било подолго од десетина минути.
Мирно и без поголеми гужви денеска е и на граничниот премин Дојран.