Гевгелија денеска одбележува 77 години од ослободувањето. По тој повод, се положи свежо цвеќе пред спомен обележјата на народните херои во паркот пред Основниот суд, на првоборците во НОВ од Гевгелиско, на шеталиштето пред градската фонтана, како и на Спомен-костурницата. и сите жртви на фашизмот.
Присутни беа претставници на Сојузот на борците, делегација на општина Гевгелија, на политичките партии и претставници на граѓански здруженија. Јане Ташковски од Сојузот на борците, рече дека во борбата со фашистичкиот окупатор, се положени 74 животи, од кои 13 потекнуваа од самиот град Гевгелија.
Меѓу нив се и шестмина борци на гевгелискиот партизански одред „Сава Михајлов“.Ние и денес, а и натаму, ќе им се поклонуваме на овој ден, и на нив, како и на сите жртви на фашистичкиот окупатор. Во аманет на младите им оставаме порака никогаш да не го заборават нивното дело, рече Ташковски