• Fri. Nov 22nd, 2024

750 болни од ковид-19 се лекуваат во ковид центрите во земјава

By

Mar 3, 2021
kovid

На инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава се лекуваат вкупно 750 болни од ковид-19. Од нив 307 лица се лекуваат на инфективните оддели во главниот град, додека 443 пациенти се лекуваат во ковид центирте низа земјата. Моментално има околу 360 празни болнички кревети во сите  ковид центри, соопшти Министерството за здравство.

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 34 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. На интерните клиники имало 17 приеми.Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало  6 нови приеми на пациенти  и 11 на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден. Во Козле не биле примени пациенти. Во изминатите 24 часа дома се пуштени 27 оздравени пациенти.

Моментално на Кожната клиника во ковид центарот се лекуваат 28 пациенти, на Клиниката за неврологија 31 болен, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 47 пациенти со симтоми на корона вирусот.

Во ГОБ 8 Септември има вкупно 80 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 95 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 20 пациенти. На ГАК има 6 хоспитализирани ковид позитивни пациентки.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 28 пациенти, Штип 38, Тетово 16, Велес 25, Куманово 73, Охрид 56, Прилеп 72,  Гостивар 12,  Струга 20, Струмица 20, Кочани 7, Кичево 6, Кавадарци 48, во Гевгелија 9 и во Дебар 13 .

извор: https://plusinfo.mk/750-bolni-od-kovid-19-se-lekuvaat-vo-kovid-centrite-vo-zem-ava/

By

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *