• Fri. Nov 22nd, 2024

73% помалку болни од грип

Помалку болни од грип

За 73% помалку болни од грип годинава во споредба со лани. Сезонава вкупно 433 лица заболеле од грип. Според здравствените власти драстичното намалување на болни од грип се должи поради мерките  за заштита од коронавирусот. Пред се како што се маските, дистанцата и забраните за групирање.

Според податоците на ИЈЗ, најголемиот број на лица кои годинава фатиле грип се на возраст од 15 до 64 години. Највисоката инциденца се регистрира кај децата до 4 годишна возраст. 

Раст на бројот на заболени од грип е забележан во втората недела од јануари. Пријавени се 36 случаи на заболени. Тое е повеќе во споредба со пред таа недела кога биле регистрирани 18. 

Од ИЈЗ инфомираат дека 37.870 веќе примиле бесплатна вакцина против сезонскиот грип. Од нив, 28.724 вакцини примиле лицата од ризичните категории. Близу 6.000 се дадени на здравствените установи и истите се аплицирани на здравствени работници и вработени во здравствените установи. 

Од институтот велат дека дел од вакцините се дадени и во дијализните центри, како и во домовите за стари лица. 73% помалку болни од грип покажуваат дека поради короната се заштитевме од грипот.

Вакцинацијата против сезонскиот грип годинава започна со задоцнување. Наместо во октормври како што првично најавуваа здравствените власти  – започна на 11 ти ноември , а на големи проблеми со закажувањето, термините но и бројката на вакцини се жалеа и пациентите и матичните лекари. 

Инаку, до 2 јануари годинава, во Струмица немаше регистиран ни еден случај за заболен од грип.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *