• Mon. Nov 25th, 2024

Во Струмица ќе се презентираат македонски народни носии со мелос од народни инструменти

Приближување на македонските народни носии преку мелосот на народните музички инструменти. Oва е целта на настанот што го организираат Филип ричлиев и Антонио Стојчевски а ќе се одрижи во недела на 22 октомври во НЦУК Антон Панов во Струмица со почеток во 20 часот
,,Овој настан е ревија на традиционални македонски народни носии.Носиите се во оригинална форма како што се носеле некогаш.Носиите се собрани од сопствени теренски истражувања на колекционерот на народни носии Антонио Стојчески.Носиите се од повеќе етнички предели од територијата на Република Македонија.Во ревијата ќе бидат прикажани повеќе социјални статуси како што се :невеста,невеста во пост свадбен период,млада девојка,зетовска носија,секојдневна носија,носија за жена во средно доба,носија за стара жена и детска носија,, вели Ричлиев кој при презнтирањето на народните носии ќе свири македонски фолклорен мелос.
Присутните ќе можат да ги слушнат и уживаат во мелосот на традиционалните музички инструменти:кавал,дудук,двојанка и гајда. Овој настан се реализира во соработка со : НУЦК ,, Антон Панов” – Струмица , Ансамбл ,,Студио Фолклор” – Скопје , Ансамбл ,,Тримери” – Струмица , Академија ,,Еуроарт” – Штип и Општина Струмица.
,,Се додека има луѓе и деца како нас што вистински ја сакаат и негуваат традицијата таа никогаш нема да згасне,, беше дециден Ричлиев

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *