• Wed. Nov 27th, 2024

71 годишнина од убиството на петтемина струмички студенти

Со панихида на градските гробишта во Струмица, полагање свежо цвеќе пред споменикот  а потоа и со пригодна програма за животот и делото на струмичките студенти беше одбележена 71годишнината од нивната трагична смрт. Струмица и струмичани на 13 август 1951 година ги изгубија своите сограѓани.

Петте струмички студенти, убиени биле блиску селото Дорломбос на планината Беласица, до границата кон Грција. Тогаш се убиени, Мирко Пецев, Ѓорги Јармов, Ѓорги Костуранов, Борис Белев и Стево Топчев. Млади луѓе, од 20 до 23 год. старост. Нивната идеја била слободна, независна Македонија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *