• Fri. Nov 22nd, 2024

70 години заштита на животот на луѓето приморани да избегаат

70 години заштита на животот на луѓето приморани да избегаат

Денеска се одбележува 70 годишнина од Конвенцијата за статусот на бегалците од
1951г., клучен меѓународен договор. УНХЦР, Агенцијата на ОН за бегалци, вели дека
одновото правење заложба кон духот и фундаменталните принципи на Конвенцијата
денес е поитно од кога и да е.
„Конвенцијата продолжува да ги штити правата на бегалците насекаде низ светот,“
изјави Филипо Гранди, Висок комесар за бегалци при Обединетите Нации.
„Благодарение на Конвенцијата, милиони животи се спасени. Седумдесет години
откако е напишана, клучно е меѓународната заедница да ги брани нејзините
принципи.“
Тој алармираше за скорешните обиди на некои влади да не ги почитуваат или да ги
заобиколат принципите на Конвенцијата, од протерувања и нерегуларни враќања на
бегалци и баратели на азил преку копнени и поморски граници, па сè до предлози за
нивно насилно префрлање во трети држави за процесирање без соодветни мерки за
заштита.
Зборувајќи на 70 годишнина од денот кога во 1951г. Конвенцијата за статусот на
бегалците беше претставена на државите за потпишување, Гранди изјави дека овој
договор е клучна компонента од меѓународното право за човекови права и останува
исто толку релевантен денеска како кога бил напишан и договорен.
„Јазикот на Конвенцијата е јасен што се однесува на правата на бегалците и останува
применлив во контекстот на современите и досега непознати предизвици и вонредни
состојби – како пандемијата со КОВИД-19,“ рече Гранди.
И Конвенцијата за бегалците од 1951 и поскорешниот Глобален договор за бегалците
бараат меѓународна соработка со цел да се изнајде низа решенија за бегалците.
Гранди ја потенцираше потребата од тоа меѓународната заедница да ги почитува
клучните принципи на заштита на бегалците како што се изложени во Конвенцијата,
вклучувајќи го правото на некој што бега од прогон да не биде вратен во опасност.
Седумдесеттата годишнина на Конвенцијата за статусот на бегалците доаѓа само
неколку месеци откако и самата агенција УНХЦР одбележа седум децении како
светска организација со мандат за заштита на присилно раселените лица.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *