• Sat. Nov 23rd, 2024

7-годишната затворска казна на поранешната специјална обвинителка Катица Јанева и 9-годишната на Бојан Јовановски – Боки 13 за случајот „Рекет“

7-годишната затворска казна на поранешната специјална обвинителка Катица Јанева и 9-годишната на Бојан Јовановски – Боки 13 за случајот „Рекет“.

Апелациониот суд Скопје ги потврди 7-годишната затворска казна на поранешната специјална обвинителка Катица Јанева и 9-годишната на Бојан Јовановски – Боки 13 за случајот „Рекет“. Во моментов двајцата се во куќен притвор, но сега откако стана правосилна пресудата, ќе мора да одат во затвор, со оглед на висината на нивните казни.

Јанева и Јовановски може да поднесат вонреден правен лек до Врховниот суд, но тоа според законот, нема да го оддолжи одењето во затвор веднаш.

Апелациониот суд Скопје ги одби жалбите на обвинетиот Бојан Јовановски од Скопје, обвинетата Катица Јанева од Скопје и на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, кое бараше уште повисоки.

Судот ги одби како неосновани, а првостепената пресуда ја потврди, соопштија денеска од Судот.

Јовановски и Јанева беа прогласени за виновни во јуни лани. Боки е осуден за примање награда за противзаконито влијание и за перење пари, а Јанева 7 години за злоупотреба на службената положба и овластување како специјална јавна обвинителка.

Случајот го пријави осомничениот во Империја и обвинет во Плацеви на Водно, бизнисменот Јордан Камчев.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *