• Sat. Nov 23rd, 2024

64 дечиња од југоисточниот регион ќе заминат на бесплатно летување во Охрид и Струга

64 дечиња од југоисточниот регион ќе заминат на бесплатно летување во Охрид и Струга. Децата од семејствата корисници на социјална или постојана парична помош, корисници на детски и родителски додаток, како и деца со пречки во развојот до 26 години, треба да заминат кон средината на јули. Бесплатното летување ќе трае седум дена, а опфаќа шест полни пансиони и бесплатен превоз.

Барањата за бесплатно летување на социјалните дечиња, можат да се поднесуваат во подрачните канцеларии на Центрите за социјална работа. Проектот за бесплатен одмор се реализира од 2012 година. Досега 12 илјади дечиња ја имаат искористено мерката, од нив 8.000 биле на бесплатен летен и 4.000 на зимски одмор.