• Fri. Nov 22nd, 2024

63 годишнина од раѓањето на претседателот Борис Трајковски

Со полагање цвеќе пред споменикот „Македонија“, подигнат во чест на трагично загинатиот претседател Борис Трајковски, денес беше одбележана 63-годишнината од неговото раѓање.

Пред членови на семејството Трајковски, граѓани, претставници на Советот на општина Струмица, институции, политички партии и здруженија говор одржа градоначалникот на Струмица, Коста Јаневски.


Дочекавме уште еден 25. Јуни. Дочекавме уште едно чествување и сеќавање за нашиот сограѓанин, вториот македонски Претседател Борис Трајковски. Денес ја одбележавме 63 – годишнината од неговото раѓање. Толку години поминаа од оној топол јунски ден од веќе далечната 1956 година, кога семејството Трајковски стана поголемо и побогато за два нови члена, новородените близнаци Борис и Александар.
Така започна кусиот, но исклучително богат животен пат на човекот кој остави длабоки траги во нашата поблиска историја и во суштествувањето на нашата татковина. Така набргу се направени и првите стапнувања низ струмичките улици, сокации и маала, како и безгижните чекори во основното училиште и струмичката гимназија. Оние кои добро го познаваа, го паметат младешкиот дух на Борис Трајковски, исполнет со ведрина, добрина и искрена широка насмевка. На тој начин се раѓала, негувала и продлабочувала нераскинливата љубовна врска помеѓу Борис и Струмица, љубов која траела се до последниот миг од неговиот живот…
…И по 15 години од прераната и трагична смрт, се уште е жив споменот за Претседателот Борис Трајковски и сите нешта кои беа белези за неговата доблесност, човечност и љубов. Сите тие спомени за него треба да ги чуваме и да ги пренесуваме на младите генерации“.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *