• Sat. Nov 23rd, 2024

6,1% ОД КОВИД ПАЦИЕНТИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА ПОЧИНАЛЕ ВО ВОНБОЛНИЧКИ УСЛОВИ

Според податоците на Институтот за јавно здравје, заклучно со 27.12.2020, пријавени се вкупно 81.804 случаи на COVID-19 (I=3.953,5/100.000).

Според место на постојано живеење/ повремен престој, случаи на COVID-19 се регистрирани во 35 градови/ЦЈЗ низ државата. Најголем дел регистрирани во Скопје, Тетово, Куманово, Прилеп, Гостивар, Штип, Битола и Велес додека највисок морталитет се регистрира во Прилеп, Струга, Охрид, Крушево и Штип. Највисок леталитет се регистрира во Крушево и Струга..

Во 27 градови се забележува намалување на бројот на новозаболени кога се анализираат двата двонеделни периоди, во Демир Хисар нема промена, во Ресен се забележува минимално зголемување, а во Валандово, Дојран, Пехчево и Кратово има зголемување од 12,3% до 40% на бројот на новозаболени.

Највисока кумулативна инциденца на 100.000 жители се регистрира во Штип со 6.202,4 на 100.000 жители, Скопје (5.712,2/100.000), Свети Николе (5.036,1/100.000), Кавадарци (4.768,3/100.000), Прилеп (4.346,5/100.000) и Неготино (4.287,9/100.000), инциденца под 2.000 заболени на 100.000 жители се регистрира во Македонски Брод, Радовиш и Крушево.

Во однос на дистрибуцијата по пол, регистрирани се 41.708 машки и 40.096 женски лица. Специфичниот морбидитет кај машките е 4.023,9/100.000, додека кај женските 3.882,8/100.000.

Возраста на заболените се движи од 0 до 101 година (просек – 45,2 години). Најголем број на заболени се на возраст над 60 години – 18.878 (23,1%) со инциденца од 4.925,3/100.000, а највисока специфична инциденца од 5.405,4/100.000 се регистрира на возрасната група од 50-59 години (15.030 заболени). Најниска инциденца од 726,1 и 1.384,8 на 100.000 жители се регистрира кај деца на возраст од 0-9 и 10-19 години, каде се пријавени 1.662 и 3.465 случаи соодветно.

Во однос на датумот на пријавување, првиот случај е регистриран на 26.02.2020. Највисок број на пријавени случаи на дневно ниво (n=1.406) е регистриран на 17.11.2020.

Првиот случај е регистриран во 9-тата недела, а од 11-тата недела во 2020 година континуирано се регистрираат нови потврдени случаи. Најголем број на заболени на неделно ниво (n=7.480) е регистриран 47-та недела (Графикон 2). Во последните пет недели се регистриран пад на бројот на ново заболени лица.

Од случаите кои се епидемиолошки истражени (n=64.712; 79,1%), 11,5% (n=7.414) се/биле хоспитализирани во текот на болеста, а останатите биле/се на домашно лекување, асимптоматски или со полесна клиничка слика.

Според извештаите од болниците кои пристигнаа до ИЈЗ (КИБФС, ГОБ 8-ми Септември, ИБЗД Козле, КОВИД центрите на Универзитетксите клиники за Дерматовенерологија, Неврологија, Нефрологија, Гастроентерохепатологија, Офталмологија и Оториноларингологија, Инстиутот за белодробни заболувања и ТБЦ, Клинички болници Штип, Тетово и Битола, Општи болници Велес, Куманово, Прилеп, Охрид, Гостивар, Струмица, Струга, Кочани, Кавадарци, Кичево, Дебар и Гевгелија, УК за гинекологија и акушерство и КБ Систина) моментално се хоспитализирани 987 лица (40,9% помалку во споредба со минатата недела), а од нив 364 (-21,4%) се на кислородна поддршка и 17 на инвазивна/неинвазивна механичка вентилација.

Во однос на симптомите кои се пријавени кај заболените лица, најчесто се регистрирани температура (68,7%), кашлица (40,3%), малаксаност (39,9%), ослабен осет за мирис и/или вкус (27,3%), главоболка (22,2%), мускулна болка (18,3%), болка во грло (14,7%), треска (13,7%) и отежнато дишење (10,1%).

Од случаите кои се епидемиолошки истражени (n=64.082; 78,3%), кај 14.494 или 22,6% од дијагностицираните лица не се регистрирани симптоми на заболувањето.

Од случаите кои се епидемиолошки истражени (n=64.082; 78,3%), пријавени се 385 (0,6%) случаи кај бремени жени, од кои 61 била хоспитализирани во текот на болеста. Од вкупниот број на регистрирани бремени жени, 109 се асимптоматски случаи.

Од случаите кои се епидемиолошки истражени (n=64.082; 78,3%), регистрирани се 3.181 (5,0%) случаи на заболување меѓу здравствени работници.

Во однос на коморбидитети, од случаите кои се епидемиолошки истражени, кај 19.661 (30,5%) лица се присутни хронична/и здравствени состојби, од кои 13.537 лица имаат кардиоваскуларна болест, 5.101 дијабет, 2.675 се со хронична белодробна болест и 3.462 со други хронични болести. Од хоспитализираните случаи, кај 4.411 (62,8%) се присутни коморбидитети.

Регистрирани се 2.456 смртни случаи (Лт = 3,0%). Во однос на дата на смрт најголем број на смртни случаи се регистрирани на 30.11.2020 година (n=40), а според недела на пријавување во тек на 48-мата недела (n=216) (Графикон 3). Од регистрираните смртни случаи, најголем дел се на возраст над 60 години (n=1.925) каде е регистриран и највисок специфичен морталитет – 502,2/100.000 жители. Регистрирани се 1.543 смртни случаи кај лица од машки и 913 кај лица од женски пол. Од починатите, кај 1.806 (73,5%) се регистрирани коморбидитети, најчесто кардиоваскуларна болест (n=1.401), дијабет (n=640) и белодробна болест (n=283). Регистрирани се 7 смртни случаи кај бремени жени и 21 смртни случаи кај здравствени работници. Сто педесет (6,1%) од пријавените случаи починале во вонболнички услови, а 2.298 (93,6%) починале за време на хоспитализација.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *