• Sat. Nov 23rd, 2024

60 полицајци што ја чуваат македонско – грчката граница се во самоизолација

 

60 странски полицајци што ја чуваат македонско – грчката граница од нелегални преминувања се во самоизолација бидејќи нивни колега од Унгарија којшто беше овде на мисија бил позитивен на корона –  вирусот. Откако е добиена информацијата за заболениот полицаец, центарот за јавно здравје во Гевгелија почнал со тестирање на полициските припадници од две странски мисии.

Бидејќи не се знае идентитетот на заболениот полицаец од Унгарија, ќе се тестираат и сите македонски полицајци коишто учествувале во мешаните патроли со странските колеги. Тестирањата се очекува да завршат до крајот на оваа седмица. Гевгелискиот градоначалник рече дека мора да се почитуваат мерките за претпазливост и ги повика институциите да бидат постојано на терен.

Гевгелија повеќе од 20 денови нема активен случај на КОВИД 19.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *