Министерството за земјоделство, шумарество и водостопанство го објави јавниот повик за продажба на земјиштето во државна сопственост под оранжерии и објекти во функција на земјоделско производство. На овој начин, со откуп на земјиштето сопствениците ќе имаат можност да конкурираат за ИПАРД Програмите, со цел модернизација на капацитетите и зголемување на производството.
Понудите треба да се достават МЗШВ, во рок од 60 дена од денот на објавувањето на јавниот повик.