Многумина водат вистинска битка за да го вратат црковното пеење, па и Струмица со традиционалниот Фестивал на источно црковно пеење се повеќе се обврзува да го надоградува, збогатува и доближи до сите христијани. Пет хорови од Македонија и годинава се собраа во Храмот на Св. Петнаесет Тивериополски свештеномаченици, а љубителите на богослужбена музика уживаа во Фестивалот на источно црковно пеење.
Фестивалот на источно црковно пеење годинава се одржува по шести пат, а организаторите велат дека од идната година ќе има мали измени кои ќе ја збогатат неговата содржина, форма и должина.
Фестивалот се одржува со благослов на Митрополитот Струмички г. Наум, a во соработка со НУЦК „Антон Панов“ – Струмица и струмичката епархија.