• Sun. Nov 24th, 2024

6 струмичани синоќа го прекршиле полицискиот час

Ноќта на 15/16.04.2020 година на подрачјето на СВР Струмица 8 граѓани ја прекршиле наредбата од страна Владата на РСМ и Министерството за здравство на РСМ за време на епидемија, односно ги прекршиле предвидените забрани за движење во определен период. Притоа, шест лица се затекнати на подрачјето на Полициска станица Струмица и две лица на подрачјето на Полициска станица Радовиш. Во просториите на Полициска станица Радовиш се приведени две лица
До Основно јавно обвинителство Струмица се поднесени 20 кривични пријави против 20 лица кои во претходниот период го прекршиле полицискиот час, осносно сториле кривично дело „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“ по чл. 206 од КЗ.
На подрачјето на Секторот за внатрешни работи Струмица се евидирани 6 нови лица со изјава за самоизолација, а вкупно се извршени 19 контрола над лица кои со решение од Државен здравствен и санитарен инспекторат се во домашна изолација и 105 контроли над лица кои се во самоизолација.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *