58 бегалци и мигранти се во моментов стационирани во транзитните центри во земјава, а 32 од нив бараат азил.Од УНХЦР велат дека бројката се менува на дневно ниво бидејќи и понатаму се забележуваат нелегални движења.
На сите оние кои ќе одлучат да останат во земјава и побараат помош, истата ја добиваат не само од хуманитарен аспект туку и од правен со цел соодветна правна заштита.
УНХЦР дава дополнителни препораки поврзани со потребата да се зголеми солидарноста помеѓу Државите во Европа и со државите на прв азил и транзит со цел да се зајакне квалитетот на прифатот, посебно за непридружуваните и разделените деца и жртвите кои преживеале сексуално и родово засновано насилство, и со цел подобро да се заштитат децата.