• Wed. Nov 27th, 2024

56-годишен гевгеличанец заврши во болница – бил повреден со огнено оружје

ByЃ. K.

Nov 14, 2023

На 12.11.2023 во 15.50 часот во Полициската станица Гевгелија, од Јавна здравствена установа Гевгелија било пријавено дека кај нив со повреда од огнено оружје бил донесен И.С. (56) од Гевгелија.

Според пријавеното, тој се здобил со повредата истиот ден околу 13.00 часот додека бил на лов во атар на с.Кованец, гевгелиско. За настанот бил известен јавен обвинител и се преземаат мерки за негово расчистување.

By Ѓ. K.