Министерството за здравство информира дека капацитетите во Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби и Градската општа болница „8 Септември“ преку систем на ротација се зајакнати со медицински кадар со цел подобро и побрзо справување со коронавирусот.
Станува збор за 54 доктори и медицински сестри кои се прераспределени од јавно-здравствените установи ширум целата држава.
„Го мобилизираме целиот здравствен систем за побрзо да го надминеме и овој бран. Со вклучувањето на дополнителен тим значително ќе им ја олесниме работата и ќе им помогнеме на вработените во овие две установи во справувањето со овој непредвидлив вирус. Сакам да им порачам на сите, да ги слушаме нашите лекари, да се придржуваме до мерките за заштита, да не се групираме, да носиме заштитна маска и често да ги миеме рацете. Mораме да бидеме свесни дека само од нас зависи. Да ги почитуваме мерките без исклучок“, рече министерот Венко Филипче.
Во функција е ставена и монтажната болница, каде што се сместени тројца пациенти. Оваа болница е целосно опремена и има капацитет од дополнителни 72 кревети, како надополнување за Инфективната клиника
извор: makfaks