Од Центарот за јавно здравје – Струмица информираат дека новиот случај на корона – вирус во градот е жител на возраст од 53 години.
Човекот имал контакт со лице за коешто се потврдило дека е позтивно на КОВИД 19, меѓутоа не во оваа општина. Во моемнтов се прави епидемиолошка анализа и на неговите контакти, по што ќе се утврди колкумина ќе треба да се во самоизолација.
Инаку, денеска се регистрирани нови 182 случаи на КОВИД 19 во земјата, а шестмина се починати.