• Fri. Nov 22nd, 2024

53 интервенции во 2018 на струмичките пожарникари

Од почетокот на 2018 година, струмичките пожарникари скоро двапати во денот имале интервенции. 53 пати пожармникарит еизлегувале на терен од 1 јануари до денес, а 90 проценти од  активностите биле насочени кон гасење на запалени оџаци. Командирот на Територијалната противпожарна единица од Струмица, Мијалче Крстев, вели дека од година во година расте процентот на граѓани кои навреме ги чистата оџаците, но тоа темпо е се уште бавно.

И за последните пожари кои ја потресоа Македонија, но и регионот, како трагедијата на семејството Ристови од Дукатино, на кои им изгоре семејната куќа, но за среќа немаше човечки жртви, Крстев вели дека најчесто причина се лошата електрична инсталација или неисчистените оџаци.

Минатата година, струмичките пожарникари имале рекордни 542 интервенции, 426 пожари и 116 технички интервенции.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *