• Fri. Nov 22nd, 2024

Се изработува проект за конзервација и реставрација на Спомен костурницата

ByВане Трајков

May 16, 2023

Стручен тим од Националната установа Завод и Музеј од Струмица, овие деновиве ја отпочна постапката и во моментов изработува проект за реставрација и конзервација на Спомен-костурницата над градот.

,,Спомен-костурницата во Струмица е започната да се гради во 1979 година, а моштите на загинатите борци во НОАВ со свечен чин биле пренесени и полжени во саркофагот на 04.07.1982 година. Таа е дело на архитектот Благој Колев и градена е од бел мермер. На платото е аулата со саркофагот од кафеав мермер.Денес спомен-костурницата е во многу лоша состојба. Дел од мермерот е искршен нема осветлување, патеката до споменикот е во лоша состојба има нараснато многу бујна вегетација која го ограничува пристапот. Дел од споменикот е исцртан со графити. Во моментов се изработува проект за негова конзервација и реставрација од страна на стручен тим од НУ Завод и музеј – Струмица,, стои во објавата на Заводот.