• Fri. Nov 22nd, 2024

5 Мај-Ден на македонскиот јазик

По повод Денот на македонскиот јазик – 5 Мај, надлежните институциии денеска организираат дебати и повеќе културни настани, а во вечерните часови во неколку градови низ државава ќе има светлосни и видеопроекции со цитати од македонско творештво.

Одбележувањето годинава е под слоганот „Пишувај на кирилица!“, со акцент на употребата на кирилското писмо во секојдневната електронска комуникација.

Во Националната опера и балет ќе се одржи панел-дискусија во насока на афирмацијата на македонскиот јазик и неговото кирилско писмо, во организација на Министерството за култура.

На панел-дискусијата ќе се разговара на повеќе теми поврзани со заштитата и афирмацијата на јазикот, за Предлог-законот за употребата на македонскиот јазик кој ја помина владината процедура, за дигитализацијата на досиејата на Институтот за македонски јазик, за опстојувањето на македонскиот јазик до неговото стандардизирање во 1945 година, за јазикот низ новите медиуми и друго, најави Министерството за култура.