Во иднина, како главен причинител на смртни случаи ќе бидат сообраќајните несреќи, кои воедно се наоѓаат и на врвот на списокот направен од страна на СЗО.Еден од најголемите причинители на смртни случаи во наредните декади ќе бидат сообраќајните несреќи.На списокот на Светската Здравствена Организација на првите 5 места само 4 причинители се болести кои во иднина ќе бидат закана за здравјето на населението.
Според досегашните податоци се покажало дека овие 5 фактори се причина за повеќе од 40% на вкупните смртни случаи, и се очекува овој број да продолжува да расте. СЗО апелира до населението да водат повеќе грижа за себе си, како од болестите така и кога се дел од сообраќајот.
За среќа или случајност овој месец на териотрија на стара општина Струмица , регистрирана е само една сообраќајна незгода во која има повеќе учесници.Според билтенот на СВР Струмица на 19 ти овој месец на магистралниот пат Струмица-Граничен премин „Ново Село“, на место викано „Леска“, се случила сообраќајна незгода помеѓу трактор „ИМТ 539“ со струмички регистарски ознаки, управуван од Ј.З.(40) од Ново Село, патничко возило „Форд Фокус“ со бугарски регистарски ознаки, управувано од М.К.(55) од село Секирник, патничко возило „Мерцедес“ со струмички регистарски ознаки, управувано од В.Т.(50) од Струмица и патничко возило „Фолксваген Шаран“ со бугарски регистарски ознаки, управувано од И.И.Р.(50) од Петрич, Република Бугарија. Со тешки телесни повреди се здобил возачот на тракторот, кој по укажаната лекарска помош со амбулантно возило бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Додека, со телесни повреди се здобиле возачот на возилото „Форд Фокус“ и сопатникот во истото возило.
Во однос на превенција и заштита СВР Струмица на целото подрачје на о.Струмица редовно спроведува контроли во кои само за еден ден се изречени и над 30 тина мерки и прекршоци од страна на возачите.
Именно, на 12 ти овој месец во периодот од 11:00 до 17:00 часот на подрачјето на СВР Струмица е спроведена акциска контрола на брзината на управување на возилата од страна на возачите. Во акцијата се констатирани 32 прекршоци, за кои се издадени триесет и два мандатни платни налози.10 дена предходно спроведена акциска контроли со цел откривање на прекршоци кои ги чинат возачите на мотоцикли и мопеди. Во акциите се откриени девет прекршоци, за кои се издадени девет прекршочни платни налози.