• Sat. Nov 23rd, 2024

496 струмичани направиле увид во избирачкиот список. Вратите на подрачните канцеларии, денес ќе бидат отворени до 24 часот

Вечерва се затвора увидот во избирачкиот список. Во Струмица нема регистрирано ниту една забелешка од граѓаните, изјави Стоилчо Џидалов-раководител на подрачна единица на Државната изборна комисија во Струмица. Засега само 496 граѓани го оствариле своето право за увид во избирачкиот список, а останатите тоа можат да го сторат најкасно до полноќ. Вратите на подрачните канцеларии денес ќе бидат отворени до 24 часот.

Увидот во избирачкиот список започна од 25 април и трае до денеска, а истиот треба да биде заклучен до 19 мај.
Во рок од пет дена од денот на завршувањето на јавниот увид, избирачкиот список се доставува до политичките партии. Партиите во рок од пет дена, односно до 19 мај, до ДИК треба да достават барање за запишување, дополнување или бришење податоци од избирачкиот список.