Вкупно 4800 картички за зелена нафта со вкупна вредност од 19 300 000 ден. или 315 000 евра за земјоделците во општините Струмица, Ново Село, Босилово и Василево. Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство најави дека струмичките земјоделци од утре ќе можат да ги подгинат картичките за користење на зелена нафта. Картичките се со трајност до крајот на април следната година.
Околу 50.000 земјоделски стопанства ќе добијат 250 милиони денари или околу четири милиони евра за субвенционирана нафта за земјоделска механизација.
Со субвенционирата нафта треба да се олеснат условите за работа на домашните земјоделци и поттикнување на домашното земјоделско производство.