Според официјалните извештаи од Баку и Ереван, од азербејџанската страна загинале 27 цивили од почетокот на конфликтот вo Нагорно-Карабах, а 19 од ерменската страна.
Бројот на цивилни жртви во Азербејџан се искачи на 27 од почетокот на конфликтот, додека 141 цивил се ранети, соопшти денеска канцеларијата на азербејџанскиот државен обвинител.
Во соопштението се додава дека 63 цивилни згради и 376 станбени згради се оштетени во гранатирањето на населени области, пренесува TАСС.
Ерменскиот министер за здравство, Арсен Торосијан, изјави дека најмалку 19 цивили биле убиени и 80 ранети во Нагорно-Карабах.
Ерменските власти постојано тврдат дека азербејџанските сили со разни оружја гранатираат населби во Нагорно-Карабах, вклучително и главниот град на непризнаената република, Степанакерт.