Од Министерството за здравство информираат дека во последните 24 часа се направени 3.927 тестирања, а регистрирани се 1.163 нови случаи на Ковид-19, и тоа во: Скопје – 473, Битола – 100, Куманово – 90, Прилеп – 62, Охрид – 50, Струмица – 45, Тетово – 36, Штип и Кичево по 32, Велес – 29, Кавадарци – 28, Гостивар и Кочани по 27, Гевгелија – 22, Струга и Свети Николе по 14, Неготино и Радовиш по 12, Ресен и Валандово по 11, Виница – 10, Крива Паланка и Берово по 7, Демир Капија и Демир Хисар по 3, Делчево – 2, а по еден во Крушево, Богданци, Кратово и во Македонски Брод.
Регистрирани се 854 оздравени пациенти, и тоа од: Скопје – 475, Прилеп – 52, Велес – 40, Куманово – 37, Кавадарци – 36, Тетово – 27, Кочани – 25, Гостивар – 23, Неготино- 22, Берово – 18, Штип – 16, Крива Паланка – 13, Гевгелија – 12, Струмица и Свети Николе по 9, Радовиш и Валандово по 8, Виница – 7, Пробиштип – 3, Делчево, Македонски Брод, Пехчево и Македонска Каменица – по 2 и по еден во Битола, Демир Капија, Крушево, Богданци, Кратово и во Дојран.
Пријавени се вкупно 35 починати лица: 7 од Скопје (39, 63, 65, 75, 76, 77, 79), по четворица починати пациенти од Кавадарци (56, 68, 73, 77) и Штип (47, 69, 70, 78), 3 лица од Струмица (71, како и две лица од 81), по двајца починати пациенти од Прилеп (76 и 82), Велес (72, 85), Крива Паланка (60 и 72) и Битола (63 и 69) и по еден починат пациент од Куманово (66), Гостивар (78), Неготино (82), Гевгелија (62), Свети Николе (64), Радовиш (68), Охрид (64), Кичево (69) и Ресен (71).
Направени се 3.927 теста преку: ИЈЗ – 642, ЦЈЗ Скопје – 85, ЦЈЗ Битола – 117, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби – 4, Судска медицина – 11, лабораторија во болницата во Козле – 12, Институт за микробиологија – 81, МАНУ – 150, „Жан Митрев“ („Филип Втори“) – 188, „Авицена“ – 288, „Биотек“ – 237, „Систина“ – 311, лабораторија „Лаор“ – 271, „Синлаб“ – 68, „Ремедика“ – 45, „Плодност“ – 93, „Генеа“ – 6, ЈЗУ и ПЗУ (рапид-тест) – вкупно 1.318.
Досега во земјата се направени вкупно 655.924 тестирања на Ковид-19.