• Fri. Nov 22nd, 2024

43 деца пријавени во Струмица за вакцинизација

Young Israelis receives a Covid-19 vaccine injection, at Clalit Covid-19 vaccination center in Holon, February 4, 2021. Photo by Chen Leopold/Flash90 *** Local Caption *** נגד נגיף הקורונה ארנה קורונה חיסון מורה חינוך כללית אזרחים חולון חיסונים

43 деца пријавени во Струмица за вакцинизација

Имунизацијата ќе започне во понеделник, најголем интерес има во Скопје, а најмал во Кратово и во Македонска Каменица.

Вкупно 1.623 деца од 12 до 18 години кои што покажале интерес за вакцинирање во текот на денешниот ден ќе добијат термин за вакцинирање. Имунизацијата на децатаќе започне во понеделник, 19 јули, соопшти Министерството за здравство. 

Вакцинирањето на децата ќе се спроведе во постојните вакцинални пунктови во градот кој го навеле при пријавувањето. Најголем број пријавени деца и млади има во Скопје и тоа во поликлиниките „Букурешт“ – 367, „Јане Сандански“ – 267, „Чаир“ – 101 и „Бит Пазар“ – 5. Во Тетово се пријавени 103 деца, во Битола 99, Куманово 86, Охрид 76, Велес 70, Кавадарци 53, Гостивар 49, Струмица 43, Гевгелија 40, Штип 38, Струга 25, Неготино 15, Кочани 14, а во останатите градови бројките се под 10 пријавени. Најмал интерес или по само еден пријавен има во Кратово и Македонска Каменица, како и по двајца во Вевчани, Демир Хисар и Македонски Брод.  

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *