На 03.01.2024 во 00.47 часот во Полициската станица Струмица било пријавено дека во деловен објект во Струмица била пронајдена почината Л.П.(43) од Струмица.
Увид на местото извршиле Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и екипа на СВР Струмица.
По Наредба на Јавен обвинител телото на починатата било дадено на обдукција.