• Sat. Nov 23rd, 2024

418 лица заболени од грип за една седмица во Струмица.Хоспитализирани 34 пациенти со бронхопневмонија

Грипот зема се поголем замав и во Струмица.Изминатата седмица се регистрирани 418 лица со грип а исто толку се регистрирани и во Скопје, а пред нас се само Гостивар и Тетово.
Најголем број од заболените во Струмица се пријавени во најголемата возрасната група од 15 до 64 години, а највисока инциденца е регистрирана кај децата од возрасната група од пет до 14 години.
На одделението за инфектологија во струмичката општа болница веќе се хоспитализирани и се на болничко лекување 34 пациенти, информираше денеска началничката на одделението др.Лилјана Манинска.Додека пак на дневна болница гравитираат од 35 до 38 пациенти во една смена.Оние кои се хоспитализирани се со компликации со респираторниот систем и изразени форми на бронховмонија.
Специјалистите , апелираат до граѓаните доколку имаат полесна симптоматологија да се лекуваат во домашни услови со чаеви, овошје и одмор, додека пак оние кои вќе имаат кашлица, зголемена телесна температура да се јават кај лекар/
Од центарот за јавно здравје Струмица велат дека во моментов на располагање имаат 107 вакцини проитив сезонски грип кои се наменетни за ризична категорија на граѓани, именно ќе се вакцинираат вработени во детските градинки, здравствените работници како и старите над 65 годишна возраст.Вакцината нема да е задолжителна туку право на избор на оваа група на граѓани.
Годинава во струмичкиот центар за јавно здравје кој го покрива и подрачјето на Валандово биле набавени 2200 вакцини или за 500 повеќе од лани.
Се очекува пораст на активноста на вирусот и достигнување на пик на сезоната на грип во текот на следните недели, се наведува во извештајот на Институтот за јавно здравје.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *