• Fri. Nov 22nd, 2024

40 милиони денари за Дојранското Езеро

40 милиони денари за Дојранското Езеро издвои Владата, соопштија од владината прес служба. На денешната седница на Владата се донесени дополнителни одлуки за одобрување средства од буџетот за 2021 година. Средствата се наменети за решавање на проблемите со Дојранското и Преспанското Езеро.

„Владата им одобри средства во износ од 40.000.000 денари на Општина Дојран за решавање на проблемот со состојбата на Дојранското Езеро и 40.000.000 денари на Општина Ресен за решавање на проблемот со состојбата на „Преспанското Езеро“, информираат од владината прес-служба.

40 милиони денари за Дојранското Езеро се само дел од парите предвидени за ова езеро.

Дојранско Езеро општи карактеристики

Дојранско Езеро се наоѓа во југоисточниот дел на Македонија. Котлинскиот простор во кој е сместено е ограничен од север и северозапад со планината Беласица. Од запад и југозапад со ограноците на ридското подрачје Карабалија. Од исток со ограноците на планината Круша. Надморската височина на која се наоѓа езерската површина е на 148 м.

Површината на езерото изнесува 42,7 км2, од кои 15,6 км2 ѝ припаѓаат на Република Грција. На Македонија а 27,1 км2 на Република Северна Македонија. Површината на Дојранското Езеро се менува во зависност од водостојот. Во официјалните публикации се среќаваат различни податоци од 41,9 до 43 км2. Податокот од 42,7 км2 е податок од Статистичкиот завод на Македонија од 1996 година. Но, покрај ваквите разлики, треба да се констратира дека ова езеро е најмало по површина. Од трите тектонски езера во Македонија, Дојранското е најмало. Вкупната должина на бреговата линија изнесува 24 км.

Овој брег бележи најмала разгранетост. Во него преовладуваат песочни плажи кои имаат позитивен одраз во туризмот. Најголемата длабочина изнесува 10 м. Се работи за многу мала длабочина, посебно во однос на Охридското и Преспанското Езеро. Ова е негативна околност за одвивање на туристичките активности. Потврда на оваа квалификација е и фактот дека дури на 100 метри оддалеченост од брегот, длабочината изнесува 3 метри. Најголем дел од езерото е покриен со глиновит материјал. Само поизразито наклонетите тераси се песокливи, што е една од причините за заматеноста на водата. Максималната амплитуда на водостојот изнесува 267 км. Тоа негативно се одразува врз останатите елементи на географската средина.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *