• Sat. Nov 23rd, 2024

40% од пациентите на Клиниката за онкологија со рак на дојка доаѓаат од Гевгелија


Општата Болница од Гевгелија со меѓународниот проект „Health info“ ќе започне со бесплатен скрининг на дојка за женската популација од подрачјето на општина Гевгелија со сите населени места каде здравствена надлежност има Болницата.
Најпрво ќе бидат посетени населените места, ќе бидат организирани информативни сесии со женскиот дел од населението, информирањето за возрасните ризици од рак на дојка, раното дијагностицирање како превентива за успешна интервенција и терапија.
– „Во проектот е предвиден бесплатен скрининг со мамограф и ехо на дојки, апарати кои веќе ги поседува Болницата, а ќе се изведуват во одделот за рентгенологија во Општа Болница Гевгелија. За сите заинтересирани да го проверат своето здравје, здравјето на дојките и да ги исклучат можностите од грижи за подоцнежни импликации, прегледот е бесплате. За сите жени со место на живеење надвор од Гевгелија, ќе биде обезбеден бесплатен превоз од населеното место каде живее, до Болницата каде што ќе се изведува прегледот велат лекарите од гевгелиската болница.
Според податоците на специјалистите по медицина на одделот онкологија при Медицински факултет во Скопје 40% од пациентите на Клиниката за онкологија со рак на дојка доаѓаат од Гевгелија. Тоа е само еден фрапантен податок кој ја оправдува целта и реализацијата на овој проект.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *