• Fri. Nov 22nd, 2024

40% од високо-образованите живеат и работат во странство

40% од високо-образованите живеат и работат во странство

Незапирлив тренд на одлив на високо-образован кадар од земјава. Во 2010 та година, според проценките на Светска банка 29,1% од високо образованите луѓе во земјава заминале да живеат или работат во странство. Девет години подоцна состојбата е драстично влошена.

“Според последните податоци и издадената анализа во 2019 та година стапката на високо-образован кадар што живее и работи во странство е особено висока и изнесува скоро 40% или повеќе од една третина од високообразованиот кадар” – нотира анализата ” ” Владино планирање – ефективност на владините мерки за справување со ризиците на пазарот на труд и начинот на планирање на средствата за надминувување на истите” на државните ревизори.

“Порталб” веќе ги обајви клучните наоди од оваа анализа кои се однесуваат на горливиот проблем “младинската невработеност” како и на невработеноста која е последица на Ковид 19 кризата, но ова истражување содржи сериозни забелешки за тоа дали институциите ги спроведуваат мерките за да се запре “белата чума”. Така, ревизорите потсетуваат дека Министерството за образование има изготвено Национална статегија за спречување на одлив на високообразован и стручен кадар 2013-2020, а за нејзино реализирање бил изготвен и Акциски план до 2014 та, но не и до 2020 та година.

“По спроведените интревјуа и разговори со надлежни лица ревизијата не доби информација ниту извештаи за реализација на утврдените цели и активности од стратегијата. На ваков начин и покрај вложените ресурси за изработка на ваков значаен стратешки документ за намалување на одливот на високообразовани и стручни кадри, ревизијата не доби докази дека стратегијата заживеала во пракса и без образложение за истото” – забележуваат ревизорите.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *