Општина Ново Село за првачињата во учебната 2022/2023 година ќе додели по 4.000 денари. Информацијата ја објави градоначалникот Ѓорге Божинов.
-Посакуваме среќен почеток на образовниот процес на новите првачиња во Општина Ново Село.
Општина Ново Село доделува еднократна парична помош од 4.000,00 денари за секое прваче во општинта, вели Божинов на својот Фејсбук профил.