• Fri. Nov 22nd, 2024

4 респиратори и еден екг апарат за педијатрија донација за струмичката болница

4 респиратори и еден екг апарат за детско одделение добива ЈЗУ Општа болница Струмица од Црвениот крст . Од управата на болницата велат повеќе од значајно е донацијата особено апаратот за педијатрија кој е повеќе од потребен. Досега за потребвите на пациентите на ова одделение, екг позајмувале од другите одделенија.

Од Цвениот крст велат дека во пресрет на одбележувањето на денот на Црвениот крст е донацијата , но велат дека како хуманитарна организација нема да застанат овде, ќе се залагаат за потребите на граѓаните и општото добро на заедницата во целост.

Денес, во организација на Црвениот крст беше и организирана и крводарителска акција, на која биле собрани задоволителен број крви единици.

Црвениот Крст во земјава годинава чествувањето на празникот ќе го одбележат со низа активности во сите општински организации.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *