• Fri. Nov 22nd, 2024

38 годишен маж од Велјуса е новиот случај на корона-вирус во струмичко

Струмица денеска има уште еден случај на КОВИД – 19. 38 годишен маж од село Велјуса е позитивен на вирусот. Според информациите од Центарот за јавно здравје – Струмица, станува збор за случај којшто не е поврзан со ниту еден познат кластер во овој регион.

Инаку, ова е втор случај на корона – вирус во ова населено место, по оној на пациентот којшто почина како последица на КОВИД – 19, а за кој се проширија шпекулации дека не починал од вирусот, туку од карцином, за што реагираа и лекарите од струмичката болница.

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *