Вчера во периодот од 10.00 до 15.00 часот на подрачјето на СВР Струмица била спроведена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната. Притоа, биле констатирани 36 прекршоци, од кои 17 во Радовиш, 9 во Гевгелија, 7 во Струмица и 3 во Валандово. Сите констатирани прекршоци биле соодветно санкционирани.