Само 36 првачиња тргнаа на училиште во пограничната општина Ново Село. Населените места од подбеласичкиот крај со години се соочуваат со намален број на ученици. Масовното иселување на младите од регионот направи голем одлив и во училиштата, па во некои подрачни училишта годинава нема запишано првоодделенци.
Градоначалникот Божинов смета дека следната година можеби ќе има и поголем број деца. Овие години поради пандемијата е стопиран процесот на иселување.