36 вакцини за струмичките лекари од српската пратка
36 вакцини се планирани за струмичките здравствени работници од пратката која пристигна вчера утрото од Србија. Од здравствениот дом во Струмица велат дека ќе се вакцинира во две фази, во првата фаза се предвидени 16 вакцини , а во втората 20. По инспекцискиот надзор утврдено е дека ладниот ланец кој треба да ги складира вакцини
те е според предходно утврдените нормативи. Директорката Митева , вели дека чекаат официјален допис од страна на министерството за здрватсво во однос на стртор со вакцинацијата.
Митева, конкретизираше , вакцините ќе бидат искористени за лекарите и здравствените работници кои работат директно со Ковид позитивните пациенти.
Насоки дополнително ќе се добијат за вакцините кои треба да пристигнат од Кина.
Во текот на денешниот ден Националниот систем до ковид-центрите низ државата испраќа списоци каде се наведени имиња на здравствени работници кои сакаат да се вакцинираат, со точен час и ден кога треба да дојдат да ја примаат вакцината во модуларната болница на Инфективната клиника во Скопје. Ковид-центрите треба повратно да ги потврдат листите.
Секој здравствен работник кој ќе прими вакцина веднаш ќе му биде резервирана втора доза за ревакцинација.
Ова се вакцините кои нашата држава ги прими како донација од Република Србија. Со пристигнатите 4.680 дози вакцини од производителот „Фајзер“, поради фактот што за заштита од САРС-КоВ-2 потребно е една личност да прими две дози, ќе може да се вакцинираат 2.340 здравствени работници. Поради тоа, со оваа пратка вакцини, имунизација ќе се споведува само во модуларната ковид болница во Скопје.
Од Министерството најавуваат дека со пристигнувањето на другите дози вакцини во државата ќе се врши дистрибуција на вакцини низ останатите здравствени домови во земјава каде вакцинацијата ќе се спроведува во постоечките вакцинални пунктови.