• Sat. Nov 23rd, 2024

35 денари за килограм е почетната цена на доматите во струмичко

По лошата откупна цена на зелката, дел од земјоделците се жалат и на ниска цена кај доматите. Во некои региони почна бербата на домати одгледувани под неконтролирани услови, а почетната цена што им се нуди на раноградинарите е 35 денари по килограм. Ристо Велков вели дека ваквата цена е ниска со оглед на тоа дека е почетна, а доколку почне да паѓа, трудот на земјоделците нема да се исплати.

Годинава, доматот е посаден на многу помала површина за разлика од лани. Велков смета дека поради одредени болести кои веќе почнаа да ги напаѓаат доматите, производителите ќе претрпат големи загуби.

Првите количества на домати веќе се берат, а при крајот на мај и почетокот на јуни, Велков се надева дека ќе се нудат поголеми количини.