Рано утрово во 03.30 часот во СВР Струмица било пријавено дека на регионалниот пат с.Јосифово-с.Удово, на место викано „Расадник“, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „ауди“, со валандовски регистарски ознаки, управувано од Т.Г.(33) од с.Удово и патничко возило „рено меган“, со валандовски регистарски ознаки, управувано од З.М.(43) од с.Удово.
На местото на незгодата починал Т.Г., додека З.М. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Медицински центар Гевгелија. Сопатниците во возилото „ауди“, С.П.(23) и И.Н.(23), двајцата од с.Удово, се здобиле со телесни повреди, констатирани во Здравствен дом Струмица.
Увид на местото извршиле екипа на СВР Струмица и Јавен обвинител, по чија наредба телото на починатиот е предадено на обдукција.