Директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој Никица Бачовски го посети земјоделското стопанство „Еко – Фарм 2017“ кое има добиено финансиска поддршка за набавка на трактор.
Станува збор за трактор од марката „Арматраг“ со вкупна вредност на инвестицијата од 733 илјади денари од кои 403 илјади денари се вратени на сметката на апликантот.