30 тина деца од Струмица за прв пат годинава на летен планински камп.Шатори, вреќи за спиење , кабаници се само дел од опремата која ја понесоа на Сувилаки каде не само што ќе се забавуваат и уживаат во планинскиот предел туку и ќе научат за основните плавила и начела на зачувување на пририодните убавини.Иницијатор на оваа неколкудневна активност се Александар Ушлиновски, наставничката Билјана Гунова и Катерина Бабулова кои сметаат дека за реализација на ваква активност која е новина во летниот распуст не треба големи финансии туку желба и љубов која ќе ја пренесат на децата.
Компаниите кои застанаа позади овој проект и подпомогнаа со храна и пијалци за негова реализација се надеваат дека Летниот планински камп ќе порасне а во него ќе уживаат неколку груипи учении во текот на целиот ретен распуст.
Реакциите на социјалните мрежи каде и се потираат слики од летниот планински камп се позитивни , со надеж дека токму истиот проект ќе прерасне во традиционален каде истиот ќе го посетуваат не само деца од Струмица туку од целата држава.