Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе кривична пријава против Д.Т.(29) од с. Куклиш, струмичко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда“.
На 12.11.2023, по вербална расправија, пријавениот физички ја нападнал М.Т. од Струмица, со која претходно бил во врска.