• Fri. Nov 22nd, 2024

29 години Тв канал ВИС

Телевизијата којашто во 1991 година почна како ентузијастички проект на младите струмичани Васе Пиперевалиев и Илија Патаров а на којшто за неколку месеци им се придружи и Јанко Мицев го слави своето 29 годишно постоење во етерот. Од првите вработени во телевизијата меѓу кои Ѓорги Калајџиев, Наско Митров, Тане Коџабашиев, Сузана Тасева, Љупчо Атанасов, Ване Арапов, Мите Трајков, Крсте Христов, Боби Николиќ, Никола Гидалов, Борче Стојанов, Душко Трајанов, Тиме Панчуров, низ годините овде работеле преку 100 врвни телевизиски работници коишто оставиле печат врз медиумскиот и општествениот живот на градот. На екраните се уште се гледаат некои од успешните емисии и проекти на Десанка Кацарска, Лидија Дикова Андонова, Сашко Попов, Јулија Граматикова, Даниел Ѓоргиев, но и на бројни хонорарни соработници како Бранко Бенинов, Лазо Илиески, Горан Енимитев, Јани Бојаџи, Ристо Вучков и други.

Некогашната локална телевизија во прв момент зрачела само на територијата на градот Струмица, додека подоцна и во целиот струмички регион.

ОД 2013 година телевизија ВИС добива регионална концесија, во периодот кога главен менаџер е Миле Милановиќ, а нејзината програма ја следат околу 200 000 гледачи од целиот Југоисток.

Во моментов во Тв канал ВИС се вработени двесетина медиумски и административни работници, а телевизијата е фокусирана на продукција на информативна програма – вести и десетина авторски емисии.

Телевизијата своите успеси ги темели пред се на професионалниот и посветен новинарско – водителски тим со децениска медиумска традиција што го сочинуваат Ване Трајков, Ѓорги Калајџиев, Стојне Митева, Катерина Дафчева, Сузана Мицева и Ивана Вангелова, камера и фото мајсторите Тане Коџабашиев, Кире Пиличев и Георги Кончалиев, компјутерско – техничката поддршка Мики Граматиков и Јане Поп Иванов како и одговорните лица за маркетинг – Мери Јанчева и главниот и одговорен уредник и директор на ВИС, Илија Шулев. Во менаџерскиот тим на телевизијата во моментов е Димитар Мицев.

Пред само шест месеци, телевизијата преживеа голем пожар во којшто изгоре целосната опрема и просториите. Од јуни, Тв канал ВИС е во нови простории со целосно нова опрема и студио.

Еве дел од споемните на телевизија ВИС од почетоците до денес.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *