• Sat. Nov 23rd, 2024

2700 склучени договори во струмичко за ново производство на тутун

Бројот на склучени договори со тутунарите на ниво на цела држава е речиси исти како ланскиот. Само во струмичкиот регион има склучено 2700 евидентни листови. Ова го изјави Марјан Трајков од Здружението на тутунопроизводители „Басмак„. Според него, иако има доста договори, годинава стравуваат дека производството на тутун ќе биде намалено.

Тутунопроизводството е макотрпна работа, а тутунарите само еднаш годишно добиваат минимални пари. Иако нема големи производствени трошоци, Трајков вели дека одгледувањето на тутун не се исплаќа.

Минатата година просечната цена на тутун достигна 185 денари по килограм, а во земјава беа откупени околу 20.000 тони тутун.