26 годишна пациентка мислела дека има цревни заболувања кои со текот ги занемарувала , но по одлуката да замине на лекар и било канстатирано дека не станува збор за проблеми со цревата туку дека во нејзиниот абдомен пораснал огромен тумор.Лекарите од поликлиниката Жан Митрев веднаш ја примиле на одделение и по направените анализи и испитувања 26 годишната пациентка веднаш била оперирана.Др.Мирчевски вели дека тој долги години работи во областа на абдоменалнта хирургија , но ваков тумор до сега и невидел.
Пациентката во моментов е во добра општа здравствена состојба.Благодарна е на целиот лекарски тим и се чувствува добро.
Мирчевски коментира дека туморот бил толку голем што започнал да ги притиска останатите органи во абдоменот и доколку останел и понатаму во телото на младата пациентка ќе создадел дополнителни проблеми и компликации.